Украина: Најмалку 3 лица загинаа, 12 се повредени како последица на руското гранатирање во регионот на Доњецк
– Најмалку три лица загинаа, а 12 се повредени како последица на руското гранатирање во текот на ноќта во градот Селидове во источниот украински регион Доњецк, соопштија локалните власти.
„Руските окупациски сили синоќа гаѓаа цивилни објекти во Селидове“, се вели во соопштението на Телеграм на воената управа на градот Селидове, во кое се додава: „Како резултат на тоа, 12 жители (од кои 4 деца) се повредени, 3 цивили загинаа (1 од тие е дете).“
Гувернерот на Доњецк, Вадим Филашкин, исто така, ги потврди жртвите на Телеграм, велејќи дека тие се загинати во синоќешното гранатирање во градот, во кое е погодена петкатна станбена зграда и трикатна болница.
Велејќи дека операциите за пребарување и спасување се во тек, Филашкин рече дека спасувачите, полицијата и локалните власти работат на самото место за да го елиминираат пожарот во областа и да ги евакуираат луѓето од оштетените простории.
„Севкупно, како резултат на нападите (во текот на ноќта), беа оштетени најмалку девет високи згради, една продавница, една аптека и четири автомобили“, додаде Филашкин, тврдејќи дека Русија истрелала четири ракети врз градот.