– Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека собориле руски бомбардер „Ту-22М3“.
Во соопштението се наведува дека руската армија во текот на ноќта ја нападнала територијата на Украина со 22 типа ракети и 14 беспилотни летала од типот „Шахед“.
Наведено е дека украинските сили уништиле две крстосувачки ракети Х-101/Х-555, 14 беспилотни летала, 11 наведувани ракети Х-59/Х-69 и две крстосувачки ракети од типот Х-22.
„Ракетните единици за противвоздушна одбрана на Военото воздухопловство, во соработка со Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина, првпат соборија стратегиски бомбардер со долг дострел од типот Ту-22М3, носач на крстосувачки ракети Кх-22, кои руските терористи ги користеа за да ги нападнат мирните украински градови“, пишува во соопштението.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека воен бомбардер од типот „Ту-22М3“ се урнал во Ставрополската Област поради техничка неисправност.