УКРАИНА ‘УНИШТУВА’ СЕ ШТО Е РУСКО ВО ЗЕМЈАТА – Володимир Зеленски потпиша: Украинците наместо на 7. јануари, Божиќ ќе го слават на 25. декември

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша закон според кој Украина во иднина Божиќ ќе го слави на 25. декември, а не на 7. јануари како што е сега.

Украинскиот народ одамна е подложен на руската идеологија во речиси сите животни сегменти, па така Божиќ се прославуваше според јулијанскиот календар, на 7. јануари, според образложението на текстот што го изгласаа претставниците во средината на јули.

Во текстот се вели и дека – „силното заживување на украинската нација продолжува. Постојаната борба за сопствениот идентитет придонесува за свеста и желбата на секој Украинец да го живее својот живот во согласност со традицијата и сопствените празници“.

Божиќниот потег е последен во серијата потези што Украина ги презеде во последниве години за да се дистанцира од Русија, вклучително и преименување на улици и градови кои потсетуваат на советската ера.