Украина ја нападна Русија со над 100 дронови, Москва ги затвора аеродромите

Украина ја нападна Русија со повеќе од 100 дронови, насочени кон Москва и го наруши работењето на десетина аеродроми.

Се наведува дека сите четири московски аеродроми биле затворени поради напади со беспилотни летала.

Освен Москва, украинските беспилотни летала нападнаа уште 13 региони, пишува Би-Би-Си , според Телеграф.

Други руски градови како Пенза и Воронеж исто така беа цел на напади.

Украинските напади се случуваат неколку дена пред привременото примирје што Русија го објави претходно оваа недела, а кое ќе трае од 8 до 11 мај.

Примирјето се совпаѓа со парадите на Денот на победата во Русија, кои ја одбележуваат победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во 1945 година.