Украина ја обвини Русија за употреба на „хемиски гранати“

Украина ја обвини Русија дека употребила десетици гранати кои содржат отровна супстанција против нејзините војници минатата недела.

Хемикалиите предизвикале задушување и солзи кај припадниците на украинската армија во Запорожје, објави Укринформ, цитирајќи го Дмитро Лиховиј, шеф за односи со јавноста во Оперативно-тактичката група Таврија.

„Што се однесува до Запорожје и овој дел од фронтот, има вознемирувачки информации – Русите сè почесто користат муниција со отровна материја“, изјави тој за украинската телевизија.