Украинците со касетни бомби го нападнаа градот Токмак! Медведев: „Сега е време е да ги отвориме нашите арсенали“ (видео)
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, бурно реагираше на вестта дека Украинците го таргетирале градот Токмак со касетни бомби. Тие известија дека градот Токмак бил гранатиран со касетна муниција.
– Значи, време е да ги отвориме нашите арсенали на тие нехумани оружја – напиша Дмитриј Медведев.
Потсетуваме, руските медиуми објавија дека украинските сили со касетна муниција го гранатирале градот Токмак во областа Запорожје. Оваа информација ја соопштија службите на тој град кој е под руска контрола.