Украле багер од 7,5 тона во Чачак и го ,,терале” до Суботица: Влегле на градилиште, а никој не ги забележал – еве кој стои зад сето ова
Градежна машина на фирма од Пожега која се занимавала со изградба на автопат, која била украдена синоќа, е пронајдена денеска во Суботица.
Според неофицијални информации, багерот го украле работници на градежна компанија од Мионица.
Поради брзата акција на полицијата, градежната машина е пронајдена во Суботица во исправна состојба и вратена на сопствениците.
Инаку, багерот е тежок седум и пол тони. Крадците во саботата околу 22 часот најопуштено ја натовариле машината на шлепер, а очевидците не се посомневале во ништо бидејќи тоа е секојдневие во градежниот камп.
Сопственикот на градежната машина објави фотографија на социјалните мрежи и апел да се најде багерот, пред крадецот да го продаде или да го растури за старо железо. Тој дури и понудил награда за пронаоѓачот.