Украина дигна во воздух руски склад за нафта! Нов напад со американски ракети: Камерата сними како испуштаат касетни бомби (видео)
Во текот на ноќта меѓу петокот и саботата, Украина со ракета ATACMS погоди руски складиште за гориво во регионот Луганск!
Мета на вооружените сили на Украина беше градот Ровенки, каде целосно изгоре голем магацин за нафта. Министерството за здравство на ЛНР наведува дека во нападот загинале три лица, а седум се повредени.
Шефот на ЛНР Леонид Пашечник потврди дека украинските сили користеле американски ракети со касетна муниција.
– Нападот на Ровењка е извршен со употреба на ракета ATACMS од американско производство со касетна муниција, како и неодамнешниот напад на Луганск – напиша претседателот на ЛНР на својот канал Телеграм, додавајќи дека се оштетени станбени згради и цивилни возила.
На социјалните мрежи беше објавено и видео од нападот, на кое се гледа како ракетата ги исфрла своите касетни бомби над магацинот.
Градот се наоѓа на околу 20 километри од руската граница.