“УНИШТУВАЊЕТО НА БРАНАТА Е ВАРВАРСКИ АКТ НА КИИВ“ – Конечно се огласи и Владимир Путин за големата катастрофа во Херсон: “Мора да одговараат!“
Украина и Русија продолжуваат меѓусебно се обвинуваат за уништувањето на браната „Нова Каховка“.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, го осуди уривањето на браната во јужна Украина како варварски чин од страна на силите на Киев, за време на телефонскиот разговор со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
„Варварскиот чин чија цел беше уништување на хидроцентралата ‘Каховка‘ во регионот Херсон доведе до голема еколошка и хуманитарна катастрофа“, рекол Владимир Путин, според соопштението на Кремљ.
Секретарот на рускиот Совет за безбедност на Русија, Николај Патрушев, изјави дека САД, Велика Британија и нивните сојузници во НАТО мора да сносат одговорност за уништувањето на браната, објави руската државна агенција ТАСС. Тој вели дека земјите ги координираат активностите на Украина и затоа дале согласност за бомбардирањето.
За потсетување, браната пукна завчера, испуштајќи порои од вода кои поплавија големи делови од областа Херсон во јужна Украина.