УНРВА: Појасот Газа моментно е едно од најопасните места во светот

– Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денес соопшти дека Појасот Газа станал едно од најопасните места во светот.

„Целиот Појас Газа стана едно од најопасните места во светот“, се вели во соопштението на УНРВА.

Во екот на израелските напади во Газа, УНРВА соопшти дека нема безбедни зони или засолништа во целиот блокиран Појас.

Вчера УНРВА соопшти дека во моментов се раселени повеќе од 85 отсто од населението на Појасот Газа или 1,9 милиони од вкупно 2,3 милиони жители.