УШТЕ ЕДЕН ДРАМАТИЧЕН ПОТЕГ ОД “МИЛЕНИКОТ“ НА ВЛАДИМИР ПУТИН – Роберт Фицо ја прекина комуникацијата со четири водечки медиуми !?
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, денес ја прекина комуникацијата со четири водечки домашни медиуми, откако ги обвини дека не даваат вистинити информации.
Роберт Фицо ја прекина комуникацијата со весниците и веб-сајтовите – Denik N, Aktuality.sk и MSP, како и со радиодифузерот телевизија Markiza, бидејќи, како што се наведува во владиното соопштение, не ја исполниле својата обврска да обезбедат точни, целосно и навремени информации од новата Влада.
Како што е наведено, комуникацијата ќе биде прекината додека тие медиуми не почнат да ги исполнуваат своите законски обврски, објави медиумската агенција Reuters.
Минатата недела Роберт Фицо се закани дека ќе ги спречи претставниците на тие четири медиуми да влезат во владините простории. Сепак, Denik N и MPS денеска соопштија дека на нивните новинари им е дозволен влез во Владата.
Главниот уредник Denik N вели дека Роберт Фицо со години не одговарал на прашањата на весникот.
Роберт Фицо минатиот месец стана премиер по четврти пат, предводејќи ја левичарско-националистичката коалиција по изборите.
Роберт Фицо поднесе оставка пред пет години поради масовните улични протести предизвикани од убиството на новинарот Јан Куцијак кој истражуваше политичка корупција.
Репортери без граници (РСФ) соопштија дека Роберт Фицо го ограничил пристапот до информации и ја доведува во прашање независноста на јавните медиуми.