Уште не одморен од Европската турнеја, Володимир Зеленски патува во Јапонија – претседателот на Украина ќе се приклучи на Г-7 состанокот во недела
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски патува во Јапонија на самитот на групата Г-7, кој ќе се одржува до недела.
Како што објави утринава медиумската агенција France Press, повикувајќи се на извори во организацијата на самитот во Хирошима, не се знае кога украинскиот претседател ќе пристигне во Јапонија, а не се исклучени и промени во последен момент.
Официјалната програма на Г-7 првично предвиде дека Володимир Зеленски ќе се приклучи на конференцијата во недела, преку видео врска, но планот потоа се промени.
За потсетување, Володимир Зеленски штотуку ја заврши турнејата низ неколку европски земји.