Факт кој ќе ве изненади: Знаете ли колку пати Реал се спасуваше од ситуацијата во која се наоѓа сега?

Иако Реал Мадрид важи за „кралеви на Лигата на шампионите“, но и на пресврт, ситуацијата во која моментално се наоѓа, клубот од Мадрид никогаш не ја решил во своја полза откако Лигата на шампионите се игра во сегашниот формат (од 1992 година).

Шпанците истакнаа информација која изненади многумина. Имено, Реал Мадрид се врати од истата ситуација со три гола заостанување по првиот натпревар во Европа, три пати во своето минато, но никогаш од 1992 година, откако Лигата на шампионите се игра во овој формат.

Арсенал дојде до предност од три гола (3:0) по првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, но сите во лондонскиот клуб се свесни дека работата не е завршена и дека ги очекува тежок натпревар на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид три пати во својата историја успеа да надополни негатива од три гола од првиот натпревар.

Првиот пат тоа се случи во 1975 година против Дерби Каунти. Во првиот натпревар Реал беше поразен со 4:1 во Англија, но во реваншот и по продолженијата победи со вкупни 5:1.

Вториот пат тоа се случи во Купот на УЕФА во 1985 година против Андерлехт. Белгијците победија на домашен терен со 3:0, но Реал беше подобар во реваншот со големи 6:1.

Последен пат Реал надмина негатива од три гола во 1985 година против Борусија Менхенгладбах, исто така во Купот на УЕФА. Во првиот натпревар беа поразени со 5:1, но во реваншот на Бернабеу беа подобри со 4:0 и така минаа благодарение на гол на гости.

Избраниците на Карло Анчелоти следната среда ќе се обидат да одиграат најдобро што можат и да се изборат за нешто што никој во клубот не го направил точно 40 години, а тоа е да ја надополни негативата од три гола од првиот натпревар во едно европско натпреварување.