Фејсбук испрати важно предупредување: Не го отворајте овој мејл, ќе бидете мета на хакери! (ФОТО)

Тимот на Мета ги предупреди партнерите да не отвораат веб-страници од овој домен преку добиената пошта.

Во соопштението кое им го испратиле на своите партнери има и пример за е-пошта со која некој се обидува да ги измами корисниците:

„Почитувани партнери, забележавме фишинг-мејл кој доаѓа од доменот salesforce.com. Тоа е пософистициран пример за фишинг кој не се забележува на прв поглед, затоа ве молиме внимавајте и не следете ги линковите во телото на е-поштата. Еве пример како тоа изгледа“, напишаа од Мета.

Е-пошта, Saleforce, Saleforce.com, Мета

Фишинг-пошта е вид на онлајн измама каде што напаѓачот користи е-пошта за да се обиде да ги украде вашите ингеренции (корисничко име и лозинка) или да го зарази вашиот компјутер. Овој вид на е-пошта станува сè почест и функционира од хакери т.е. криминалците се претставуваат како големи компании (Гугл, Нетфликс, Амазон итн.) и ве залажуваат да преземате и отворате прикачени датотеки или да кликнете на линковите во пораката за да ги добиете вашите лични податоци.