Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска истакна дека при посетата на Брисел разговарал за интеграцијата во ЕУ со сестринските социјалдемократски партии од регионот како клучен процес за стабилизација и напредок не само на нашите земји, туку и на регионот.
„Граѓаните на нашите земји заслужуваат интеграција во ЕУ, а не изолација, подобар животен стандард, образование, здравство, владеење на правото, борба против корупцијата.
Ние, сестринските социјалдемократски партии од регионот, мораме да соработуваме меѓу себе за да ја постигнеме целта за подобра иднина. Затоа, зајакнувањето на регионалната соработка е важно за економскиот напредок и стабилноста на земјите.
„Ние како европски социјалдемократи мора да се обединиме за проширување на ЕУ, а во овој процес мора да помогнат и европските социјалдемократи“, вели Филипче.
Филипче во Брисел на средби со социјалдемократите се сретна и со премиерот на Косово Албин Курти.