СДСМ на локалните избори во октомври ќе коалицира во секоја општина посебно, предупреди лидерот на партијата Венко Филипче.
Ова, како што нагласи на денешната прес-конференција, не ја исклучува можноста за коалицирање со која било партија, граѓанска организација или независна листа и дека ќе се разговара за опции.
„Ќе го кажам ставот кој сè уште не е потврден, но сите дискусии продолжуваат на врвот, во пратеничката група, во Централниот одбор и во Извршниот одбор, а тоа е дека на овие локални избори СДСМ ќе коалицира за секоја општина посебно“, рече Филипче.
Запрашан дали тоа значи дека е можна коалиција со ДУИ во одредени општини, Филипче рече дека „да видиме, ќе разговараме за опциите“, додека за можноста за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, тој рече дека „секогаш е интересно прашање, кое зависи од многу фактори“ и дека за тоа може поконкретно да се разговара во наредните месеци.