ФИЛМОТ КОЈ РУШИ РЕКОРДИ ЗАБРАНЕТ ВО КУВАЈТ – “Barbie“ доби ембарго поради бизарна причина

Кувајт го забрани прикажувањето на хит филмот „Barbie“ во кината поради загриженост за „јавниот морал“, соопштија официјални лица и потврдија дека е забранет и хорор филм во кој глуми трансродова личност.

Овие филмови шират идеи и верувања туѓи за кувајтското општество и јавниот ред“, вели шефот на Одборот за цензура за кинематографија, Лафи ал-Субаи, за официјалната медиумска агенција KUNA.

Кога се одлучува за кој било странски филм, одборот обично наредува цензурирање на сцените што се против јавниот морал“, вели првиот човек.

Но, ако филмот содржи странски концепти или неприфатливо однесување, Одборот одлучува да го забрани во целост“, додаде тој.

Земјите од Заливот, вклучувајќи ги Кувајт, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Саудиска Арабија, кои ја забрануваат хомосексуалноста, рутински ги цензурираат филмовите доколку алудираат на ЛГБТ заедницата.

Неодамна најновиот анимиран филм „Spiderman“ беше забранет поради сцена во која се гледа знамето на ЛГБТ виножитото.

Barbie“ која заработи повеќе од милијарда долари за само три недели прикажување ширум светот, се прикажува во Саудиска Арабија, ОАЕ и Бахреин.

Во Либан, министерот за култура Мохамед Мортада во средата кажа дека побарал забрана за „Barbie“ поради наводно „промовирање на сексуалноста“ иако филмот не прави никакви отворени алузии на тоа.