ФЛОРЕНТИНО ПЕРЕЗ ИЗБРА ЗАМЕНА ЗА КАРЛО АНЧЕЛОТИ – Легендата на Премиер Лигата ќе седне на клупата на Реал Мадрид !?

Флорентино Перез веќе најде замена за Карло Анчелоти, тврди Radio Marca. Веќе некое време е јасно дека ова е последна сезона на Италијанецот на клупата на Реал Мадрид. Беше најавено дека Карло Анчелоти би можел да ја преземе бразилската фудбалска репрезентација следната сезона, што значи дека на Реал Мадрид ќе му треба нов тренер.

Најголемите играчи и тренерски имиња секогаш се поврзуваат со Реал Мадрид, а претседателот Флорентино Перез наводно веќе одлучил кого сака на клупата од следната сезона. Како што летово веќе пишуваше весникот Bild, станува збор за легендарниот поранешен играч за врска на Ливерпул и Реал Мадрид, а денес тренер на Баер ЛеверкузенЧаби Алонсо.

Чаби Алонсо одлично си ја врши работата во Баер Леверкузен, со кого моментално го дели првото место со Баерн Минхен во германската Бундес Лига. Двата клуба имаат освоено 13 бода од пет одиграни натпревари.

Добрата работа на Чаби Алонсо не помина под радар, а Флорентино Перез смета дека поранешен клупски играч со модерна визија за фудбалот е токму она што му треба на Реал Мадрид кога Карло Анчелоти ќе го напушти клубот.