Фондот за здравствено осигурување е оштетен за над 142 илјади евра: Финансиската полиција поднесува кривични пријави

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против администратор на правно лице и против самата фирма, со сомнение дека со лажни изјави го оштетиле Фондот за здравствено осигурување за повеќе од 142 илјади евра.

Осомничените, кривичното дело го сториле во периодот 2014-2016 година.

Осомничениот давал лажни изјави за ортопедски помагала, кои биле наплатени во ФЗОМ.

Таа со оваа постапка го измамила Фондот и ја доведе институцијата во заблуда, овозможувајќи и на компанијата да наплатува суми за несоодветни ортопедски помагала, што резултирало со противправна финансиска корист од над 8 милиони денари.