Формула 1 викендов во Катар, Верстапен на прагот да ја освои третата титула

– Формула 1 викендов се сели во Катар, а Макс Верстапен од Ред Бул е на прагот да ја освои третата титула.

Верстапен, шампионот во 2021 и 2022 година, кој освои 13. Гран при оваа сезона, ќе ја освои титулата и во 2023 година доколку заврши шести или повисоко во спринтот во сабота.

Холандскиот возач сега има 177 поени предност пред неговиот колега од тимот на Ред Бул и најблизок противник Серхио Перез со преостанати шест трки.

Оваа сезона Перез победи двапати: Големата награда на Саудиска Арабија и Големата награда на Азербејџан.

Во меѓувреме, Карлос Саинц победи на Големата награда на Сингапур во септември, што е единствена победа на Ферари во кампањата во 2023 година.

Во мај Формула 1 ја откажа Големата награда на Емилиа Ромања, шестата трка од сезоната во Ф1 за 2023 година, поради поплавите во Северна Италија.

Само 180 поени се достапни оваа сезона, која ќе заврши по 23. трка во Абу Даби на 26 ноември. Верстапен треба да освои најмалку три поени во Катар за да ја освои титулата.

Осумнаесеттата трка за Големата награда на Катар ќе се вози во недела на патеката во Лусаил долга 5,4 километри, каде што ќе се возат 57 круга.

– Првите пет возачи:

1. Макс Верстапен (Холандија): 400 поени

2. Серхио Перез (Мексико): 223

3. Луис Хамилтон (Велика Британија): 190

4. Фернандо Алонсо (Шпанија): 174

5. Карлос Саинц (Шпанија): 150

– Тимови:

1. Ред Бул: 623

2. Мерцедес: 305

3. Ферари: 285

4. Астон Мартин: 221

5. Мекларен: 172