ФОТО\ВИДЕО | БОГАТСТВОТО НА ДЕДОТО НА ВАЊА ЃОРЧЕВСКА Е ГЛАВНИОТ МОТИВ ? Семејната “тајна“ на мајката открива нови грозоморни детали: Дали таткото сакал да земе се !?

Таткото на брутално убиената Вања Ѓорчевска е во притвор под сомнение дека учествувал во киднапирањето на неговата ќерка, што резултираше со нејзино убиство. Таткото на 14-годишната девојка, како што се сомнева, сакал да изнуди пари од нејзината мајка, а семејните односи го откриваат мотивот за монструозните потези на Александар Ѓорчевски.

Главниот обвинител Гаврил Бубевски изјави дека има сознанија дека мајката на убиената Вања Ѓорчевска неодамна го продала станот, а на социјалните мрежи кружат теории дека таа имала повеќе станови, што било мотивот за киднапирањето на девојчето.

Гаврил Бубевски откри дека таткото на девојчето бил во контакт со главниот осомничен – Љупчо Палевски – Палчо, кој е уапсен синоќа и му кажал за тоа, како и кога девојчето ќе излезе од дома и ќе биде сама.

Љупчо Палевски – Палчо

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека станува збор за криминал без преседан, изолиран случај, направен од монструми криминалци кои сакале да се стекнат со материјална корист, свесни дека мајката неодамна го продала станот.

Случајот е успешно и целосно расчистен, обезбедени се докази и признанија“, посочи Оливер Спасовски.

Оливер Спасовски порача дека расветлувањето на овој случај не довело до посакуваниот расплет бидејќи и девојката и 74-годишниот маж кој исто така беше исчезнат беа пронајдени закопани, девојката во околината на Скопје и а Панче Жежовски во близина на Велес.

Александар Ѓорчевски беше на распит во обвинителството и тој негираше вмешаност во киднапирањето на неговата ќерка, но сега еприведен поради сомневање дека ќе влијае на истрагата.

Но, зборовите на соседите на ова семејство од Скопје можеби ќе ги откријат подлабоките мотиви на Александар Ѓорчевски, кој ја шокираше не само Македонија туку и регионот поради тоа што е осомничен за учество во киднапирањето на сопствената ќерка.

ТАЈНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ЃОРЧЕВСКИ

Вања Ѓорчевска, сведочат нејзините пријатели и професори, била весела, паметна девојка. Во понеделникот, една недела по нејзиното киднапирање и дваесет часа откако беше пронајдено нејзиното мртво тело, школските другари на девојката, нивните родители и наставници се потпишаа во книгата на жалост поставена во училиштето каде таа учеше.

За нас е болно да зборуваме за се. Беше мирна и вредна, ги исполнуваше обврските, девојка која не беше во ниту еден клан, се разбираше со сите, но велам, беше мирна. Знаеме само дека беше прекрасно девојче кое сонуваше за иднината“, изјавила за хрватскиот весник Jutarnji List мајка од Скопје, чија ќерка учи во истото училиште.

Вања Ѓорчевска

Никој во Скопје не сака отворено да зборува за своите сомнежи зошто Вања Ѓорчевска ја снајде ваква страшна судбина. Сепак, еден неименуван новинрат за хрватскиот весник изјавил дека родителите на Вања Ѓорчевска се разведени, а дедото на девојчето, таткото на нејзината мајка, бил богат човек. Сега постои можност таткото Александар Ѓорчевски, револтиран од семејството на поранешната сопруга, да сакал да извлече пари од нив, знаејќи колку се богати.

Се работи за таткото, кој, како што знаеме, во никој случај не бил позитивна фигура во нивните животи. Тој и мајката на Вања Ѓорчевска биле разведени, дедото на девојчето бил директор на царина и богат човек некаде во 2002 година, а сето тоа го наследила мајката на Вања Ѓорчевска. Велат дека го интересирале пари. Како го знаеле точното време кога Вања Ѓорчевска оди на училиште ? Тие што ги уапсиле велат дека тој им го рекол тоа. Претпоставката е дека тој не знаел дека Вања Ѓорчевска ќе биде сама, па се сомнева дека намерата била да ги киднапира двете девојчиња. Затоа, сите овде се сомневаат во материјалните мотиви на таткото насочени кон неговата поранешна сопруга. Не е јасно зошто го убиле девојчето ако имале намера да ја уценат нејзината мајка. Сигурно нешто тргнало наопаку. Многу, многу погрешно тргна се кога беше убиено 14-годишно девојче“, изјавил неименуваниот македонски новинар.

Како што соопшти полицијата, Вања Ѓорчевска била киднапирана од зградата во која живеела изутрината околу 07:30 часот. Киднаперите на чело со Љупчо Палевски ја врзале и ја турнале во автомобил марка „Citroen“.

Имено, во вонредната емисија на „Во Центар“, новинарот и автор на емисијата, а воедно и сопственик на веб-порталот www.vocentar.com, Васко Ефтов, ексклузивно и прв во Македонија сподели со јавноста каде во Белград се криел Љупчо Палевски – Палчо и како убиецот побегнал од Србија. Како што вчера потврди и министерот Оливер Спасовски, а веќе ние објавивме, Љупчо Палевски побегнал од Белград кон Бугарија, а подоцна и Турција со џип марка „Range Rover“ („Ренџ Ровер“) по боја бел со македонски регистарски таблички, а спеил во мизерен хостел каде едно ноќевање чини 20 евра (1.200 денари).

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – ЕКСКЛУЗИВНО: Каде се крие Љупчо Палевски и што се случи со Вања !? – Кликнете Join и бидете член (member) на YouTube каналот Vasko Eftov. Следете ги сите политички анализи бидејќи вие имате право да ја знаете вистината #fyp #fy #foryoupage #VoCentar #VaskoEftov #LjupcoPalevski #Palco #tiktokmacedonia #MK #MKD #Macedonia #Makedonija #Skopje #Strumica #Tetovo #viral #Vanja #Balkan

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov
Хостелот во Белград каде што се криел Љупчо Палевски – Палчо

Неполни три часа по киднапирањето таа е убиена. Полицијата се сомнева дека киднаперите ги фатило паника затоа што нејзината мајка рано пријавила се и се огласила во медиумите, а постои и друга, побизарна теорија, дека Вања Ѓорчевска починала од задушување во гепекот и дека нејзиното мртво тело станало нивен бескорисен заложник. Според оваа теорија пукале во веќе мртвото девојче, бидејќи министерот за внатрешни работи вчера соопшти дека по телото има прострелни рани.

Зградата каде што живеела Вања Ѓорчевска и од каде е киднапирана

Осомничените ја убија Вања Ѓорчевска, а Љупчо Палевски побегна, за синоќа да биде уапсен на територија на Република Турција. Тројца од уапсените го признаа своето учество во злосторството, додека таткото на Вања Ѓорчевска негираше вмешаност.

Откако беше објавено дека нејзината ќерка е мртва, мајката на девојчето, Зорица Ѓорчевска не се огласи во медиумите.