ФОТОГАЛЕРИЈА | Неверојатно! Голем број на луѓе го прославија 56. ‘ФЕСТИВАЛ НА ПЕНИСОТ’: “Убаво, забавно, уникатно…“
На почетокот на април, многу љубители на забавата се собираат во градот Кавасаки, околу 30 минути јужно од Токио, за да го прослават „Канамару Мацури“ – фестивалот на јапонскиот пенис. Главните прослави се одржуваат во првата недела од април се од 1969 година па до ден денес.
На фестивалот, кој се фокусира на машкиот полов орган, учесниците носат огромни статуи на пениси во рацете, уживаат во лижавчиња во форма на пенис, купуваат свеќи во форма на пенис и се облекуваат како пениси, пишува BuzzFeed News.
„Неверојатно е. Забавно, уникатно и поинакво искуство. Чудно е да се дојде од Австралија и да се види вакво нешто, но се чини дека сите добро се забавуваат“, изјавила австралиски турист за Euronews.
Се проценува дека во минатото на фестивалот се собирале околу 50.000 луѓе годишно, а во последните години бројот е намален поради пандемијата со вирусот Ковид-19. Покрај тоа што е визуелно впечатлив, фестивалот е за подигање на свеста за безбеден секс и собирање средства за финансирање на медицинските лица и компании кои истражуваат за ХИВ.
Во последниве години, Јапонија забележа зголемување на стапката на сексуално преносливи болести како што е сифилисот. Дури 50 отсто повеќе луѓе биле лекувани од оваа болест во 2022 година отколку во 2021 година.
За време на јапонскиот период Едо, од 1603 до 1867 година, Кавасаки бил познат по својот ноќен живот. Овој град е изграден во 698 година, градскиот храм Канајама има статуа на челичен пенис и стана место каде сексуалните работници се молат за заштита од сексуално преносливи болести, додека други се молат за плодност.
Во комбинација со една посебна локална народна приказна, која вклучува грапав демон и челичен пенис, доведе до модерната верзија на „Канамара Мацури“ – фестивалот на пенисот.