ФОТОГАЛЕРИЈА – Претседателот на Украина во првите борберни редови: Зеленски ги посети украинските војници во Бахмут

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во средата ја обиколи линијата на фронтот на украинската армија во градот Бахмут, каде што се водат најтешките судири во војната со Русија.

Володимир Зеленски за време на посетата на војниците им додели државни награди.

Чест ми е што сум денес овде за да ги наградам нашите херои. Чест е да се ракуваме со нив и да им се заблагодариме што го штитат суверенитетот на нашата земја“, кажал украинскиот претседател.

Володимир Зеленски во посета на украинските војници во Бахмут, Украина
Володимир Зеленски во посета на украинските војници во Бахмут, Украина

Бахмут е главен транспортен центар преку кој украинските војници во регионот Донбас се снабдуваат со оружје, воена опрема и муниција.

Се наоѓа во регионот на Доњецк и практично е во урнатини поради жестокиот конфликт, а цивилите кои живеат во областа секојдневно се борат да преживеат.

Под силно бомбардирање се и патиштата кои водат до Бахмут, кои руските воени сили се обидуваат да ги опколат.

Водачот на озогласената група Вагнер, Евгениј Пригожин, на почетокот на овој месец соопшти дека ситуацијата околу Бахмут е многу тешка и дека продолжуваат жестоките улични борби меѓу руските и украинските сили.