ФОТО | Александра Пријовиќ се појави во проѕирно боди, ги остави обожавателите без зборови и порача: “Филип сака да ме гледа во вакви изданија, а кој човек не би сакал ?“
Претходната вечер на промоција на новите козметички производи на Лепа Брена пристигна сопругата на нејзиниот посинок, Александра Пријовиќ. Популарната млада пејачка за оваа пригода облече фармерки, проѕирно боди кое ги истакна нејзините облини, а се покри со црна јакна.
„Сега сум во добра форма и се што носам добро ми стои. Филип сака да ме гледа во вакви изданија, а кој човек не би сакал ?“, изјавила со насмевка Александра Пријовиќ, пишува Blic.rs.
За потсетување, Александра Пријовиќ го привлече вниманието на јавноста поради бројните распродадени арени низ регионот.