ФОТО | БИЛАЛ КАСАМИ ПРОДОЛЖУВА СО ПРОВОКАЦИИТЕ – Знаме на “Голема Албанија“ повторно се вееше во Тетово: “Ниту јас, ниту граѓаните не се плашат!“

Знаме со картата на т.н. „Голема Албанија“ денес повторно се вееше во општина Тетово. Овој пат знамето беше истакнато додека градоначалникот на Тетово, Билал Касами, промовираше новоасфалтирана улица во градот.

Билал Касами потоа даваше изјави за медиумите и се фотографираше додека во позадина се вееја знамето на „Голема Албанија“ и албанското национално знаме, а македонското национално знаме повторно не беше истакнато никаде.

Билал Касами изјави оти знамињата кои се најдоа на денешниот настан ги поставиле граѓаните како одговор на „провокациите“ од власта.

Не само јас ниту граѓаните не се плашат од ваквите уцени, луѓето веќе се убедени дека мора да има промени на централна власт за да имаат подобри услови во иднина

Изјави Билал Касами оценувајќи дека прекршочните пријави кои беа поднесени против него и општината Тетово поради непочитувањето на Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија се политичка порака до него.

Улицата „108“ во општина Тетово

Прашан дали поставувањето на знамето на „Голема Албанија“ ќе влијае врз соживотот во Тетово, Билал Касами повторно кажа дека тоа е реакција на граѓаните на односот кој власта го има кон нив и порача:

Ова нема врска со организацијата на настанот и со општината. Тоа што има врска со нас е промовирањето на оваа улица. Ова е порака до власта да не ги провоцира граѓаните зашто тие соодветно ќе одговорат

Истакнувањето на ново знаме со „Голема Албанија“ доаѓа по неполни две недели откако тоа беше иконографија и на прославата по повод посетата на премиерот на Косово, Албин Курти. За овој настан Билал Касами веќе објави дека тој и општината заработиле прекршочни пријави заради неистакнување на македонското знаме, а колкава глоба ќе платат треба да одреди тетовскиот суд на 15. септември. Според Билал Касами, пријавите ги побарала Владата, а наредбата ја спровеле полицијата и судот.

Во делот каде што се објаснуваат причините поради кои Судот во Тетово ја поведува постапката, наведено е дека при пречекот на Албин Курти, општината не постапила согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на РСМ, односно не ја интонирале државната химна и не го истакнале националното знаме на државата.

Прекршочни за неистакнување на македонското знаме при посетата на Албин Курти, заработи и градоначалникот на Чаир, но неговата пријава се уште не е пристигната до судот.