ФОТО | Братот на Дражен Петровиќ со трогателна порака по смртта на легендарниот Мирко Новосел: “Најголем! Тој е одговорен за големиот успех!“

На 86-годишна возраст почина Мирко Новосел. Легендарниот тренер остави длабока трага во хрватската и југословенската кошарка, особено во Цибона, која во два наврати (1985 и 1986) ја искачи на врвот на Европа.

Ацо и Дражен Петровиќ учествуваа во двете историски походи за Цибона. Веднаш по веста за неговата смрт, Ацо Петровиќ на социјалната мрежа Твитер и оддаде почит на покојната легенда. Тој потсети дека токму Мирко Новосел е одговорен за неговото и на Дражен Петровиќ доаѓањето во Цибона.

Мирко за мене лично, низ сето она што го направи за југословенската, хрватската и загрепската кошарка е НАЈГОЛЕМ! А тој е одговорен и за моето и на Дражен доаѓањето во Загреб. Мирко, почивај во мир“, напиша Ацо Петровиќ во објавата.