ФОТО | Вечна ќе остане дилемата кој е подобар од нив двајца: Оваа фотографија за рекордно време го “сруши“ интернетот

За многумина кога ќе се спомене само името Роналдо – прва асоцијација е Кристијано Роналдо, но се уште има и такви кои добро го паметат „оригиналниот“ Роналдо, односно Бразилецот Роналдо Луиз Назарио Де Лима.

Вечна ќе остане дилемата за тоа кој од нив имал подобра фудбалска кариера, а на социјалните мрежи кружи нивна заедничка фотографија која го „сруши“ интернетот.

Роналдо и Роналдо се запознаа. Можеби звучи како почеток на шега, но не е.

Фотографијата е направена неодамна во Саудиска Арабија, каде се запознало познатото фудбалско дуо, а истата во оргинална форма можете да ја погледнете ОВДЕ.