ФОТО | ВРИЕ ВО БЛИЗИНА НА ЈЕМЕН – Ова е танкерот што Хутите го погодија со балистичка ракета, а САД и Велика Британија веднаш возвратија

Танкер со нафта гори во Аденскиот Залив, соопшти операторот на танкерот, откако Хутите соопштија дека го погодиле со проектил, јавува BBC.

Хутите соопштија дека нивната цел била „Marlin Luand“ и истата била погодена во петокот вечерта. Оператор изјавил за BBC дека ударот предизвикал пожар во еден од товарните резервоари на бродот.

Американските власти изјавија за CBS News, американскиот партнер на BBC, дека танкерот бил погоден од против-бродска балистичка ракета и дека бродот на морнарицата одговорил на сигналот за помош.

слика

Нема информации за повредени, соопштија американските власти. Тоа е најновиот напад на Хутите врз трговски бродови во и околу Црвеното Море.

Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) соопшти дека инцидентот се случил на 60 наутички милји југоисточно од Аден. Тие исто така соопштија дека екипажот е безбеден.

УКМТО ги предупреди другите бродови да минуваат со претпазливост и да пријават каква било сомнителна активност.

Операторот потврди дека танкерот бил погоден и дека воените бродови биле на пат да пружат помош.

Противпожарната опрема на бродот беше распоредена за да се потисне и контролира пожарот што започна во еден товарен резервоар од десната страна“, рекол портпаролот на операторот.

Безбедноста на екипажот е наш најголем приоритет. Остануваме во контакт со бродот и внимателно ја следиме ситуацијата“, соопштија британските власти.

Танкерот плови под знамето на Маршалските Острови.

Воениот портпарол на движењето ХутиЈаха Сареа, вели дека групата користела „одреден број соодветни поморски ракети“ и дека нападот во петокот бил „директен“.

Тоа уследи по претходниот инцидент во петокот кога УКМТО пријави два проектили во водата во близина на брод лоциран југозападно од Аден.

слика

Од ноември, Хутите поддржани од Иран извршија десетици напади врз комерцијални бродови што пловат по Црвеното Море, еден од најпрометните водни патишта во светот, во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, каде Израел се бори против Хамас.

САД и Велика Британија започнаа воздушни напади против групата како одговор на нејзините напади, а Хутите последователно предупредија дека ќе ги засилат своите напади врз бродови.