ФОТО | Дали британскиот актер успеа да и го ‘стопи’ срцето на легендарната модна кралица !? Ана Винтур го покажа своето ново момче на Мет Гала
Легендарната уредничка на магазинот Vouge, Ана Винтур синоќа пристигна на Мет Гала рака под рака со Бил Наји и се чини дека јавно ја потврди врската со британскиот актер.
Винтур и Наји, обајцата 73 години, прв пат ги поттикнаа гласините за нивната романса во 2021 година, кога уживаа во неколку заеднички романтични вечери во Италија. Тие биле видени како се забавуваат и на проекцијата на неговиот филм „Living in New York“ минатиот декември, а нивното заедничко пристигнување на Мет Гала сега изгледа како јавна потврда за нивната врска, пишува Daily Mail.
Познатата уредничка, која беше домаќинка на настанот речиси 30 години, носела бел фустан од модниот бренд Channel со дезен, додека Наји се одлучил за едноставен темен костум. Креацијата што ја избрала Винтур е фустан со нивоа – со блескави сребрени украси и златни и виолетови детали. Изгледот го комбинирала со сребрени штикли. Таа цврсто се држела за раката на актерот додека заедно позирале пред фотографите.
Се претпоставува дека Ана и Бил се познаваат со години бидејќи парот е виден заедно на бројни модни ревии, театри и во ресторани од 2015 година. Тие, наводно, се зближиле откако Ана се разделила од нејзиниот 16-годишен партнер Шелби Брајан, во октомври 2020 година. Во меѓувреме, последната позната врска на Бил била со англиската актерка Дијана Квик. Актерите ја започнале својата романса во 1980 година, а заедно ја добиле ќерката Мери Наји, во 1984 година. Тие биле заедно 28 години пред да се разделат во 2008 година.
Неколку часа пред почетокот на Мет Гала, уредничката позната по својата „заладливост“ била фатена во трогателен момент со својот едногодишен внук Оливер на последниот подготвителен состанок за Мет Гала. Ќерката на Ана, Би Каррозини, го сподели трогателниот клип на нејзините социјални мрежи.
„Последни подготовки за Мет Гала“, напишала нејзинката ќерка покрај фотографијата на нејзиниот внук како седи во скутот на својата баба.
Мет Гала, која некои ја нарекуваат најголемата модна ноќ, се одржува во Музејот на уметност „Метрополитен“ во Њујорк. Секоја година, во првиот понеделник во месец мај, најголемите холивудски ѕвезди пристигнуваат на црвениот тепих во своите најекстравагантни и најлуксузни комбинации, за кои многу долго потоа се зборува во јавноста.