ФОТО | ДАЛИ СИЛВЕСТЕР СТАЛОНЕ ГО ОПЕРИРАЛ ЛИЦЕТО !? Протекоа нови фотографии, а неговите обожаватели во шок од изгледот на моќниот ‘Рамбо’ – погледнете!

Познатиот Силвестер Сталоне снима нова сезона од своето реално шоу, а фотографиите со сопругата предизвикаа бура од реакции помеѓу јавноста. На фотографиите направени пред нивната куќа, Силвестер Сталоне е со својот брат и неговата сопруга, но неговото лице изгледа многу поинаку од вообичаеното!

Силвестер Сталоне изненади минатата година објавувајќи дека се разведува од Џенифер Флавин, со која имаше три ќерки. На крајот на краиштата, парот се помири и во изминатите месеци нивната љубов процвета, како што покажуваат во нивното реално шоу „Семејството Сталоне“.

Силвестер Сталоне

Силвестер Сталоне кој има 77 години е фотографиран за време на снимањето и многумина забележале дека неговото лице изгледа поинаку. Пределот околу очите и челото е претесен, додека се чини дека ставил филери во образите.

Актерот постојано зборуваше за парализа на дел од лицето, предизвикана од компликации, но многумина сметаат дека неговиот сегашен изглед е резултат на премногу естетски корекции. 

Познатиот актер е критикуван од многумина затоа што го продолжил снимањето на реалното шоу во екот на најголемиот штрајк на холивудските сценаристи во последните 60 години, а сега поради овие фотографии се крена нова бура.