ФОТО | Дејвид и Викторија Бекам купиле вила на Јадранот вредна 12 милиони евра !? Зачекорете и ѕирнете во овој луксуз
Викторија и Дејвид Бекам се во преговори за купување на луксузна вила на јадранскиот брег кај Тиват во Црна Гора. Парот го запознал сопственикот на овој луксузен имот во Лондон, а потоа се заинтересирал да го купи истиот, дознава српскиот весник Telegraf.rs.

По разговорот со сопственикот од Црна Гора, парот побарал да им биде испратена понуда за продажба на вилата.
Оваа луксузна вила се наоѓа во Доња Ластва и има прекрасен поглед на морето, а зафаќа површина од 4.200 метри квадратни. Има четири нивоа кои се поврзани со лифт, а дворот е украсен со базен и градина со различни растенија, од кои едното е маслинка стара помеѓу 800 и 1.000 години.
Во вилата, покрај дневната соба со поглед на градот и морето, има кујна, седум соби, џакузи, соба за забава, теретана и други содржини за забава. Наводно, цената на оваа луксузна вила е 12 милиони евра.
Потсетуваме, семејството на познатиот поранешен фудбалер беа на црногорското приморје во 2018 година кога престојуваа во луксузен комплекс во „Свети Стефан“.
