ФОТО | Еве колку ќе добие Џорџина Родригез ако заврши нејзината романса со Кристијано Роналдо – оваа сума е навистина вртоглава – погледнете!

Кристијано Роналдо е познат како фудбалер кој апсолутно ништо не препушта на случајноста, особено кога се во прашање финансиите, сака се да става на хартија и внимателно да размисли заедно со својот адвокат.

Според некои медиуми во Шпанија, се чини дека е така и кога е љубовта во прашање. Имено, Шпанците тврдат дека Кристијано Роналдо и убавата Џеоргина Родригез потпишале договор во случај да пропадне нивната љубовна врска.

Кристијано Роналдо и Џеоргина Родригез

Во случај на прекин Џеоргина Родригез би ја добила куќата во Мадрид, а покрај тоа Кристијано Роналдо до крајот на животот секој месец на сметката би требало да и плаќа по 100.000 евра.

Документот наводно бил потпишан во 2017 година кога таа била бремена со нивната најстара ќерка, а исто така се забележува дека одредени клаузули од договорот биле сменети по трагичната смрт на едно од новородените близнаци минатата година.