ФОТО | Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња ужива на Јадранот – Меџик Џонсон со сопругата го посетил својот ‘омилен’ ресторан во Дубровник: “Глетката е спектакуларна, а храната неверојатна!“
Легендарниот кошаркар и еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња Меџик Џонсон ужива во Дубровник, Хрватска.
Тој во друштво на сопругата Куки Џонсон вечерал во ресторанот „Nautica“ и уживал во глетката кон морето, а на социјалната мрежа Фејсбук не пропуштил да објави и фотографии од бисерот на Јадранот.
„Глетката беше спектакуларна, а храната неверојатна. Зад нас е тврдината Ловриенац, каде се снимаше ‘Game of Thrones‘“, напиша познатиот кошаркар кој веќе неколку години по ред е во посета на југот на Хрватска, а претходно уживаше во Црна Гора.