ФОТО | Емили Ратајковски позираше во минијатурно бикини среде кујната, а обожавателите се прашуваат: “Дали ти некогаш се облекуваш или секогаш си гола ?“
Една од најубавите жени во светот, Емили Ратајковски (32 г.), е модел на својот сопствен бренд Inamorata, а на социјалните мрежи позираше во кујната покажувајќи го својот задник во висок минијатурна танга.
Таа застанала и позирала во кујната во минијатурни бикини сет кои е дел од колекцијата на нејзиниот бренд. Манекенката за оваа прилика носела минимална шминка, а новообоената црвена коса ја пуштила надолу и разбушавена.
Во коментарите, следбениците беа воодушевени од позирањето на Емили Ратајковски, нарекувајќи го водителката на подкастот „High Low with EmRata“ – „совршена“.
Погледнете ја објавата на Емили Ратајковски ОВДЕ.
„Не ми е роденден, но благодарам што ја донесовте тортата“, гласи еден коментар под објавата на социјалната мрежа Инстаграм.
Додека некои ја пофалија Емили Ратајковски, имаше и такви кои најдоа за што да ја критикуваат.
„Замисли мајка ти да трча вака низ куќата. Што би мислиле за неа ?“, алудираше еден од обожавателите во коментар мислејќи на 2-годишниот син на манекенката, Силвестер, кој таа го има со нејзиниот поранешен сопруг Себастијан Бер-МекКлард .
„Дали таа некогаш се облекува или секогаш е гола ?“, гласи уште еден коментар под објавата која собра голем број на допаѓања.
Емили Ратајковски често на социјалните мрежи ја прикажува својата богата колекција на костими за капење – едноделни, дводелни, шарени или класични, во кои и да се појави секогаш добива комплименти од своите следбеници.