ФОТО | Жешки бакнежи на концертот на Бијонсе: Кајли Џенер на целиот свет му откри која е нејзината нова љубов, погледнете!
Ријалити ѕвездата и деловна жена Кајли Џенер (26 г.) и познатиот актер Тимоти Шаламет (27 г.) се бакнаа за време на концертот што ар-ен-би пејачката Бијонсе го одржа во понеделникот на стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес во САД, пишува Daily Mail.
Кајли Џенер и Тимоти Шаламет очигледно со бакнежи потврдија дека се уште се пар. Нивната наводна врска претходно беше нашироко пишувана во американските и британските таблоиди. Магазинот TMZ на почетокот на август напиша дека парот е во врска од април, но дека не сакале да се експонираат претерано. Текстот на TMZ беше објавен откако други медиуми шпекулираа дека раскинале или дека Тимоти Шаламет ја „оставил“ Кајли Џенер.
Актерот и реалити ѕвездата беа многу блиски, се гушкаа и се смееја додека настапуваше Бијонсе. Кајли Џенер за оваа пригода носела прилично краток и тесен темен фустан без прерамки и црни чизми високи до бутовите. Таа косата ја врзала во неуредна пунџа. Тимоти Шаламет се одлучил за опуштен стил кој вклучува темни панталони, јакна и капа.
Тимоти Шаламет запалил барем една цигара додека се дружел и бакнувал со Кајли Џенер. На една фотографија се гледа дека ја зграпчил од позади за време на бакнежот.
Популарната озборувачка платформа DeuxMoi прва објави дека Кајли Џенер и Тимоти Шаламет се пар, но не секогаш може да им се верува на нејзините извори, па се очекуваше истото да го објават и некои од традиционалните медиуми. Автомобилот марка Range Rover на Кајли Џенер беше забележан на патеката пред домот на Тимоти Шаламет во Беверли Хилс во средината на април. TMZ известува дека Тимоти Шаламет влезе во нејзиниот теренец следниот ден откако присуствуваше на саемот во Санта Моника.
Магазинот People во април објави дека двајцата се гледаат, се запознаваат, се дружат секоја недела, но дека нивната врска не е сериозна.
Шпекулациите за нивната врска започнаа откако тие присуствуваа на ревијата на познатиот дизајнер Жан Пол Готје на 25. јануари.