ФОТО | Жешкото деколте и високиот шлиц на поранешниот ‘ангел’ на Victoria‘s Secret го занесе Милано: Толпата не знаеше каде прво да погледне поради нејзиниот завиден изглед

Бразилскиот модел и поранешен „ангел“ на Victoria‘s SecretАлесандра Амбросио (42 г.) ги зароби сите погледи на модниот настан на брендот Calzedonia во рамките на Модната недела во Милано, Италија. Убавицата се појави во тесен, црн фустан и проѕирни црни хеланки, а своето темно издание го зачини со црвени потпетици.

Она што најмногу привлече внимание е фактот дека горниот дел од фустанот беше како градник, со проѕирен дел во средината, што го откри нејзиниот завидно затегнат стомак додека чекореше по црвениот тепих.

слика
Алесандра Амбросио

Мајката на две деца покажа и шлиц до бутовите, што и овозможи да ја покаже едната од нејзините долги нозе за време на гламурозното излегување, а шлицот дополнително беше нагласен со црвен украс со налик на цвет, кој го усогласи со црвено лакирани потпетици.

Алесандра Амбросио е позната по бројните соработки со најпознатите модни куќи како Gucci, Dolce & Gabbana, Prada, Channel, Givenchy i Moschino. Таа има две деца со нејзиниот поранешен сопруг, фотографот и дизајнер Џејми Мазур – ќерката Ања Луиз и синот Ноа Феникс.