ФОТО | ЗАПОЧНУВА ЕВАКУАЦИЈА НА ЗАРОБЕНИТЕ ВО ПЕШТЕРАТА ВО СЛОВЕНИЈА – Ова се најновите детали од спасувачката акција
Нивото на водата во словенечката пештера „Крижна Јама“, каде од саботата се заробени пет лица, паѓа, па денес ќе се направи обид за спасување на затрупаните.
Командантот на словенечката цивилна заштита Сречко Шестан денес за агенцијата STA најави дека околу 14 часот ќе започне евакуацијата на пет лица кои од саботата попладне се заробени во споменатата пештера.
Сречко Шестан потсети дека тричлено семејство и двајца водичи се заробени од саботата поради високиот водостој, на околу 2,4 километри од влезот во пештерата.
Според Сречко Шестан, водата што го предизвикала високиот водостој дошла од правец на Хрватска, што го изненадило инаку искусниот водич.
„Кога се враќале од пештерата, виделе дека е делумно поплавена, поради што се повлекле на безбедно“, изјави Сречко Шестан.
Акцијата за спасување започна веќе во саботата попладне, а досега неколку екипи нуркачи стигнаа до затрупаните лица и им обезбедија се што им е потребно.
Тие престојуваат во шатор што се загрева, на карпа десет метри над водата, тие имаат храна, топла облека и според најновите извештаи од тимот, нивната состојба е стабилна.
Првиот човек на спасувачката служба, Валтер Закрајшек, синоќа изјави дека нема да биде лесно да се излезе од пештерата.