ФОТО | КАКО ГО ПРАВИ ТОА ? Том Круз и на 61 година изгледа како тинејџер, а неговата нова фризура ги зачуди и збуни сите
Том Круз се уште е холивудски „тинејџер“ на 61-годишна возраст, некои велат дека е дел од илуминатите, а други дека го „замрзнал“ времето. Сепак, доброто држење и изгледот на актерот на прагот на седмата деценија не може да се оспори.
Пред неколку дена тој од Флорида пристигна во Лондон на снимањето на филмот „Mission Impossible 8“. Само што излегол од автомобилот оставил многумина без зборови.
Познатиот актер се одлучил за нова фризура со уште поголем волумен. Неговата секогаш бујна коса ја разбрануваше ветрот, додека актерот ја чуваше насмевката од лицето и позираше за папараците. Дали е тајната во трансплантацијата на коса или во некој трик ? Попрво би се рекло второто. Имено, актерот или неговите стилисти будно ги следат трендовите, па денес се појави со посветла коса, односно посветли прамени. Овој трик, кој го користат многу познати дами, бидејќи делува помладо, а очигледно е ефикасен и за посилниот пол.
Инаку, познатиот актер често има потреба да менува фризури. Од кратка коса, преку косата до рамената, а на крајот оваа со дополнителен волумен, која можете да ја погледнете ОВДЕ.