ФОТО | Кејт Мидлтон повторно докажа зошто ја нарекуваат ‘кралица на стилот’! Со својот изглед ги шармираше сите, а еден детал е многу важен – погледнете!

Принцезата од Велс уште еднаш покажа дека нема проблем да носи иста облека повеќе пати. Имено, Кејт Мидлтон повторно облекла фустан стар две години за да присуствува на настан во Лондон.

Принцезата Кејт Мидлтон изгледала неверојатно убаво во нежно розев фустан. Фустанот е креација на лондонската дизајнерка куќа „Beulah“, една од нејзините омилени.

Таа прв пат го носела фустанот на финалето на Вимблдон во 2021 година.

Погледнете го изгледот на Кејт Мидлтон ОВДЕ.

Таа овој пат се одлучила само за различни чевли. Кејт Мидлтон носела потпетици и обетки од брендот „Mappin & Webb“ и го постигнала совршениот ефект на летен шик, а исто така ја пуштила бујната коса да ѝ паѓа во бранови преку рамениците, а шминката и била мека и префинета.

Одржувајќи го изгледот едноставен и софистициран, Кејт Мидлтон одлучила да ги остави нараквиците и ланчињата на страна, а фустанот да зборува сам за себе.