ФОТО | Кинолошкиот Сојуз на Македонија одбележа 70 години работа, доделени признанија на Оливер Спасовски и Стојанче Ангелов
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на на одбележувањето на јубилејот 70. години од работата на Кинолошкиот Сојуз на Македонија (КСМ) што се одржа денеска во Охрид.
„Со посебна чест присуствував на одбележувањето на значаен јубилеј за Кинолошкиот Сојуз на Македонија (КСМ) – 70 години постоење и развој на кинолошката култура во државата, со стремеж за лидерство во регионот кога е во прашање едукацијата, одговорното сопствеништво, благосостојбата, како и однесувањето и интеракцијата со кучињата, а со самото тоа и развој на општеството кое ќе ги сака и почитува кучињата“, напиша Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.
Тој воедно најави и продолжување на соработката со Кинолошкиот сојуз која значи унапредување на заштитата и благосостојбата на животните
„Како МВР сме посветени во овој дел со конкретни активности во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во развој и унапредување на Единицата за службени кучиња, која неодамна за своите потреби доби реконструиран објект на МВР, а вредни за споменување се и возилата и опремата за К-9 овозможени преку соработката со ОБСЕ“, стои на постот на Оливер Спасовски кому му беше врачено признание од Кинолошкиот сојуз на Македонија за успешната соработка.
Признание за долгогодишна успешна соработка како и за посебен придонес во унапредувањето и развојот на кинологијата и за заштита и благосостојба на животните, на свеченоста во Охрид, му беше врачено и на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираат од ЦУК.
Признанија им беа додлени и на повеќе други претставници на државни институции и странски претставници коишто соработуваат со Кинолошкиот сојуз, како и претставници на Интернационалната кинолошка федерација.