ФОТО | Леброн Џејмс повторно обвинет дека лаже, а во негова одбрана се огласи Илон Маск – милијардерот призна се: “Наместо него, јас го правам тоа!“

Илон Маск откри дека на еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс, му плаќа верификација на социјалната мрежа Твитер.

Леброн Џејмс остана еден од ретките спортисти кои ја задржаа сината ознака односно верификација на социјалната мрежа Твитер. Кога на оваа социјална мрежа беше објавено дека овој начин на проверка отсега ќе се наплаќа и дека ќе чини осум долари месечно, многумина велеа дека нема да платат, а меѓу нив беше и супер-ѕвездата на Лејкерс.

Кога и официјално беше откажана бесплатната верификација, а Леброн остана со таа „титула“, корисниците почнаа да го прозиваат и напишаа дека „повторно лажел“. Сепак, тоа не е така, бидејќи Илон Маск потврди дека тој лично ја плаќа сината ознака на Џејмс.

Откако ова го објавија одредени страници за потегот на Леброн, се огласи и самиот Маск, сопственикот на оваа социјална мрежа.

Јас лично плаќам за неколку од нив“, напиша Илон Маск, во објава на неговиот профил.

Засега е потврдено дека се плаќа за Џејмс, Стивен Кинг и Вилијам Шатнер.