ФОТО | Леонардо Ди Каприо поканил на јахта нова девојка, позната од контроверзно реално шоу !? Сите гледале во неа кога таа се соблекла во минијатурно бикини – која е оваа убавица ?
Во средата филмската ѕвезда Леонардо ди Каприо е забележан како ужива на јахта во Форментера, Шпанија, а овој пат му се придружила и ѕвездата на реалното шоу „Love Island“ Арабела Чи.
Леонардо ди Каприо и 32-годишната ријалити ѕвезда се видени како го впиваат сонцето додека крстарат по Средоземното Море со блискиот пријател Тоби Мегваер, уредникот на британскиот магазин Vouge, Едвард Енинфул и други пријатели. Според изворот на Page Six, славниот 48-годишен актер и Арабела Чи се само пријатели, а не нов пар, како што многумина тврдат.
Леонардо ди Каприо се држел низок профил, носејќи капа влечена на лицето за да се скрие од блескавото сонце или папараците, но безуспешно.
Актерот се облекол лежерно во бела маица, кратки шорцеви и бели патики, додека Арабела Чи го „запали интернетот“ во бикини со леопард дезен со соодветна проѕирна лента за половината. Изгледот го дополни со очила за сонце, бели сандали на Hermés Oran и сребрена кожна чанта Bottega Veneta Jodie.
Русокосата убавица е видена како ужива на палубата на масивното пловило додека ги покажува своите облини и нурна во водата во мал костим за капење.
Инаку, Арабела Чи е позната по појавувањето во 5-та сезона на серијата „Love Island UK“. Таа влезе во вилата на 18-тиот ден и накратко се поврза со Дени Вилијамс, за да биде исфрлена од островот една недела подоцна.
Леонардо ди Каприо вообичаено летото го поминува на јахта, пловејќи низ Европа со пријателите, а Page Six ексклузивно минатата недела објави дека холивудската икона во последно време има приоритет да поминува време со саканите.