ФОТО | МАНЧЕСТЕР СИТИ СТАНУВА СЕ ПОМОЌЕН! Англискиот гигант се пофали со ново засилување – завршена е голема работа
Поранешниот фудбалер на Вулверхемптон, Матеус Нунес, денеска потпиша петгодишен договор со Манчестер Сити.
Манчестер Сити плати 53 милиони фунти, а Вулверхемптон ќе има 10 отсто од следната продажба на португалскиот фудбалер за врска. Матеус Нунес одби да тренира со клубот оваа недела за да ја принуди управата на клубот да го пушти во Манчестер Сити, чија прва понуда беше одбиена минатата недела.
Матеус Нунес минатото лето се пресели од Спортинг во Вулверхемптон за 42 милиони фунти, за кој одигра 41 натпревар и постигна гол.
Манчестер Сити бараше играч од средниот ред бидејќи Кевин Де Брујн ќе отсуствува неколку месеци поради повреда на тетивата која ја заработи на првиот натпревар од сезоната против Барнли.
„Едноставно не можев да ја одбијам можноста да работам со Пеп Гвардиола, еден од најдобрите тренери во историјата и да играм покрај некои од најдобрите светски фудбалери“, изјавил 25-годишниот Матеус Нунес.
Матеус Нунес е четвртото засилување на европскиот и англискиот шампион, по доаѓањето на Јошко Гвардиола, Матео Ковачиќ и Џереми Доку.