ФОТО | МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ ВО СТИЛОТ НА ВЛАДИМИР ПУТИН – Генералниот секретар на СДСМ заедно со подмладокот на партијата со низа активности по повод Илинден во Крушево

Денес делегација од подмладокот на СДСМ, СДММ, предводена од претседателот Марко Михаилоски, положи свежо цвеќе пред споменикот кај месноста Слива близу Крушево.

Коњичкиот марш на младите социјалдемократи воедно беше предводен и од генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, кој заедно со младите, оддаде чест и почит на македонските востаници и нивното јунаштво при одбраната на Крушевската Република.

Миле Зечевиќ
Миле Зечевиќ

Во објавата на СДММ на социјалната мрежа Фејсбук се вели:

Во спомен на храброста и отпорот на македонскиот народ, во Битката кај Слива за одбрана на Крушевската Република, денеска делегација на СДММ предводена од претседателот Марко Михаилоски, положи свежо цвеќе пред споменикот. Заедно со генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски, оддаваме почит на сите наши предци кои херојски и солидарно го дале својот живот за да живееме еднакви во слобода“.