Актерот Мет Лебланк (56 г.) за првпат е виден во јавноста по смртта на неговиот колега од култната серија „Friends“ („Пријатели“), Метју Пери. Мет Лебланк е забележан од папарацо-новинарите на вечера со пријателите во Малибу.
Мет Лебланк и Метју Пери ги играа цимерите Џои и Чендлер и поминаа 10 години заедно на снимање. Мет Лебланк беше првиот што проговори по смртта на неговиот колега.
„Метју. Со тешко срце се збогувам. Моментите што ги поминавме заедно се искрено меѓу моите омилени моменти во мојот живот. Ми беше чест да ја споделам сцената со тебе и да те наречам пријател. Секогаш ќе се насмевнам кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Рашири ги крилјата и летај, брату, конечно си слободен. Те сакам многу. И претпоставувам дека ќе ги задржиш 20-те долари што ми ги должиш“, напиша тој тогаш во емотивна објава на социјалните мрежи.
За потсетување, Метју Пери почина на 28. октомври на 55-годишна возраст. Тој беше пронајден мртов во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес, а неговата смрт го шокираше неговото семејство, пријателите, колегите и обожавателите ширум светот.