ФОТО | Новак Ѓоковиќ се ‘скрши’ по поразот и не издржа, а да не заплака! Србинот играше сам против сите, но сепак не успеа повторно да испише историја: “Ова не е добар ден за мене…“
Карлос Алкараз го освои Вимблдон откако во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ со 1:6, 7:6 (6), 6:1, 3:6, 6:4 по речиси пет часа игра.
Карлос Алкараз ја освои својата втора Грен Слем титула по освојувањето на УС Опен минатата година, а на Новак Ѓоковиќ му се реваншираше за поразот во полуфиналето на Ролан Гарос во мај, кога, според негово признание, бил „уништен од голема трема и нервоза“. Сега Шпанецот води со 2-1 во директните натпревари против Новак Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ без проблеми го доби првиот сет, а еден од клучните моменти на натпреварот се случи во „тај-брејкот“ од вториот сет кога Новак Ѓоковиќ со лош бекхенд ја упропасти шансата за 2-0 во сетови при 6-5. Шпанецот потоа го разнесе третиот сет, но Новак Ѓоковиќ за чудо се врати во четвртиот. Во петтиот сет Карлос Алкараз му го одзеде сервисот на Новак Ѓоковиќ за 2-1 и до крајот го одржа „брејкот“ за голема победа над 16 години постариот ривал.
Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до 24. Грен Слем титула, а пропушти да го израмни апсолутниот тениски рекорд бидејќи 24. Грен Слем титули освоила Маргарет Корт, во периодот од 1960 до 1973 година. Новак Ѓоковиќ не успеа да се израмни со Роџер Федерер по бројот на титули на Вимблдон, кој има осум титули, додека Новак Ѓоковиќ остана на седум.
„Не е толку добар ден за мене… Карлос, ти го заслужуваш ова. Мислев дека ќе имам проблеми со тебе само на земја или бетон, но не и на трева. Игравте прекрасно, се адаптиравте на површината. Одигравте еднаш или двапати на трева, голема чест“, изјави Србинот кој прв им се обрати на гледачите на централниот терен по крајот на натпреварот.
„Не е лесно да се загубат вакви натпревари. Кога ќе се смират сите емоции, ќе морам да бидам благодарен бидејќи победив многу, многу вакви натпревари во последните години. Само да го спомнам финалето против Роџер Федерер во 2019 година, кога тој имаше некоку меч-поени. Можеби требаше тогаш да изгубам“, призна Новак Ѓоковиќ и се расплака во моментот кога го спомна синот:
„Убаво е да се види дека се уште се смее“, кажа тој, а потоа пукна во солзи и доби овации од публиката.
И тогаш 20-годишниот Карлос Алкараз доби збор на централниот терен и ја освои публиката со својата симпатична изведба.
20-годишниот Шпанец стана најмладиот победник на Вимблдон од 1986 година, кога тогаш 18-годишниот Борис Бекер го подигна трофејот.
„Мојот сон се оствари. Сум кажал и претходно, одлично е да се победи, но да загубев, ќе бев горд на себе. Прекрасен турнир, испишавме историја. Играв финале против легенда на спортот. Неверојатно. Повторувам, го исполнив мојот сон. Чудо е што дури и влегов во овие ситуации толку брзо за да се борам за титули. Јас сум многу горд“, истакнал Карлос Алкараз.
„По првиот сет си реков: ‘Карлос, подигни го нивото на играта!’. Морам да му честитам на Новак, што да кажам за него ? Ме инспирираш. Почнав да играм тенис гледајќи те, кога се родив јас ти веќе освојуваше турнири“, рекол Карлос Алкараз и додал: „Сега навистина се заљубив во тревата. Јас сум брз ученик и многу сум горд на тоа“.