ФОТО | Ова е вистински хит на Интернет – Златан Ибрахимовиќ го предизвика Новак Ѓоковиќ на натпревар! Познатиот фудбалски ас од теренот му се ‘закани’ на Србинот, а тенисерот одма одговори – погледнете!
Откако на 41-годишна возраст се прости од фудбалот, Златан Ибрахимовиќ реши да проба нов исклучително популарен спорт – падел.
Овој интересен тениски спорт е новата опсесија на еден од најдобрите голгетери на сите времиња.
По комплексот за падел со 20 терени, кој го отвори пред неколку години во Шведска, Златан Ибрахимовиќ изгради прекрасен центар за падел и во Милано.
Познатиот ас, како и многуте негови колеги спортисти, е голем љубител на овој динамичен спорт и сега кога има доволно слободно време да земе рекет во рака и да ужива на теренот.
Харизматичниот Швеѓанец очигледно нема достоен ривал, па реши да го предизвика својот пријател – најдобриот тенисер во моментот, Новак Ѓоковиќ.
„Ноле, кога и да си подготвен“, напиша Златан Ибрахимовиќ во објава на социјалната мрежа Инстаграм, предизвикувајќи го Србинот на натпревар.
Реакцијата на Новак Ѓоковиќ не се чекаше долго. Српскиот ас експресно му одговори на својот добар пријател.
„Може брат! Подготвен сум“, напиша Новак Ѓоковиќ и додаде: „На истата страна од мрежата, ние ќе сме непобедливи“.
Падел моментално е најбрзо растечки спорт во светот. Теренот е со димензии 20х10 метри, површината е вештачка трева посипана со кварцен песок и оградена е со плексиглас даски високи три метри. Се игра во двојки, машки, женски и мешан, се сервира во полето на противникот, бодот трае подолго бидејќи топката е побавна, помека и помалку одбива. Рекетот е повеќе сличен на рекет од сквош.