ФОТО | “ОВА Е ГОЛЕМА ЖИВОТНА ЛЕКЦИЈА!“ – Позната актерка хоспитализирана непосредно пред нејзиното породување: “Многу мајки ги игнорираат овие предупредувачки знаци…“
Ѕвездата на „One Tree Hill“, серијата која стекна голема популарност во регионот, Јана Крамер, откри дека била хоспитализирана поради инфекција на бубрезите додека била на одмор со нејзиниот вереник Алан Расел, непосредно пред нејзиното породување.
„Одморот не ни помина според планираното, но научивме неколку лекции. Прво и основно, бебето е добро“, напиша оваа недела ѕвездата од серијата „One Tree Hill“ која сподели неколку фотографии од болница со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Јана Крамер открива дека била хоспитализирана поради бактериска инфекција која се проширила на нејзините бубрези. Дводневната хоспитализација следела откако познатата актерка се пожалила на болки во грбот кои ги чуствувала со недели, пишува Page Six.
„Лекција број еден… немојте само да ја негирате болката, бидејќи таа може да биде посериозна отколку што мислите“, напиша таа, додавајќи дека мајките често ги игнорираат знаците за предупредување поврзани со нивното тело.
„Кога пред една недела осетив дека ме боли грбот, тоа го препишав на бременоста и не им кажав на докторите бидејќи болките во грбот се честа појава“, раскажува таа во објавата.
Сепак, болката Јана Крамер (39 г.) ја почувствувала кога таа и нејзиниот сопруг отпатувале во Флорида за да го прослават претстојното раѓање на нивното бебе.
Понатаму, таа истакнува дека повеќе не можела да ја поднесе болката, а со текот на времето таа станувала се поболна. И покрај хоспитализацијата, Јана Крамер вели дека таа и нејзиното малечко се добро. Таа го пофали и својот вереник кој и давал поддршка и бил покрај неа во тешките моменти во болницата.
„Секоја чест за мојот сопруг, кого го молев да спие во прекрасниот хотел што го обезбеди за нас, но наместо тоа, тој спиеше на преклопен стол, во болница, до мене“, пишува Јана Крамер.
„Најдете маж кој нема да ве натера да се чувствувате лошо или нема да ве остави настрана кога не се чувствувате добро“, заклучила таа.
Објавата (фотографиите) од хоспитализацијата на Јана Крамер можете да ја погледнете ОВДЕ.