(ФОТО) Ова е лицето на мајка која си ги уби децата! Пред нејзината родна куќа владее тишина: Родителите се затвориле и не излегуваат

Молк е пред куќата на родителите на мајката која заедно со сопругот си ги убиле децата и се самоубиле. Ролетните се спуштени, а од куќата се слушаат лелеци. Сепак, никој не сака да ја отвори вратата.

– Кога полициските службеници ги идентификувале телата на брачната двојка, ги известиле мајката и таткото на жената. Веста ја примија прилично рамнодушно – вели изворот на српски „Блиц“.

Според извештаите, нејзините родители во полиција рекле дека воопшто немаат контакт со нивната ќерка.

– Нејзините родители не ни знаеле дека имаат уште еден внук – вели изворот.

Двојката се венча пред четири години, а во истата година го доби и првиот син . После тоа се преселиле во Нови Сад.

Да потсетиме, млад брачен пар во петокот се самоуби скокајќи од зграда на Лиман 2. Ден подоцна мртвите тела на децата беа пронајдени во изнајмениот стан каде што живееле во Петроварадин.