ФОТО | Овој фустан е тема број еден во светот на модата: Чини повеќе од 2.000 долари, а најуспешната жена во светот за 2023 година му дава посебен шмек на истиот

Во моментов една од најуспешните жени во светот Тејлор Свифт го прослави својот 34. роденден организирајќи забава во Њујорк.

Пејачката, која неодамна беше прогласена за личност на годината од угледниот Time, на својата забава се појави во придружба на пријателката Блејк Лајвли, која доминираше во црн кожен фустан.

Тејлор Свифт
Блејк Лајвли и Тејлор Свифт

Блејк Лајвли предизвика голема врева со својот жежок стајлинг, но целото внимание сепак беше насочено кон роденденската славеничка, која и самата дојде во спектакуларно издание. Тејлор Свифт се појави во краток фустан, исто така црн, наречен „Night Lucina“, потпишан од модната куќа „Clio Peppiat“.

Фустанот е во А линија, со светкави мотиви на небесни тела, чиј најефективен детал беше месечината која ѕирка од зад облаците, а ова ја чинеше пејачката 2.400 долари.

Пејачката го комбинираше прекрасниот фустан со сандали и чанта од брендот „Aquazurra“, а двете парчиња се украсени со кристали и се многу импресивни. Пејачката за нив потрошила вкупно 2.705 долари.